383
Францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на властите на градската општина вчера објави дека на седмиот ден од штрајкот на собирачите на смет, на улиците на Париз има околу 5.400 тони ѓубре.
Собирачите на смет штрајкуваат како дел од протестот поради пензиската реформа бидејќи и за нив е поместена старосната граница за пензионирање од 57 на 59 години.
Жителите на Париз иако имаат проблем со натрупаното ѓубре и можната појава на стаорци, сепак ги поддржуваат собирачите на смет и велат дека го сфаќаат незадоволството бидејќи овие луѓе работат тешка работа.
Синдикатите, дел од граѓаните и опозицијата се против пензиската реформа на Макрон која предвидува поместување на старосната граница за пензионирање на 64, наместо на 62 години.