Најголемиот израелски град Тел Авив е најскап во светот, се вели во анализата објавена во средата во британскиот магазин „The Economist“.
Тел Авив го презеде лидерското место од француската престолнина Париз, кој сега е на делба на второто место со Сингапур. По трите града следат Цирих, Хонг Конг и Њујорк.
Истражувањето за трошоците на животот спроведено за оваа анализа опфатило 173. земји и ги споредило цените на повеќе од 200. производи и услуги.
Најголем пад на листата на најскапи градови е забележан во Рим. Главниот град на Италија падна од 32. на 48. место.
За најевтин град за живеење е прогласен сирискиот главен град Дамаск. Анализата покажала дека проблемите со синџирот на снабдување и антиепидемиските мерки кои го ограничуваат производството и трговијата придонеле за зголемување на животните трошоци во многу градови.
Транспортните трошоци се зголемени поради поскапувањето на горивата, а значително се зголемиле и цените на тутунот, средствата за лична хигиена и забавата.
Ова е рангирањето на десетте најскапи градови: Тел Авив, Париз, Сингапур, Цирих, Хонг Конг, Њујорк, Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака. По нив следуваат Осло, Сеул, Токио, Виена, Сиднеј, Мелбурн, Хелсинки, Лондон, Даблин, Франкфурт и Шангај.