Париз остро го осудува пучот против цивилните и демократските власти“ во Нигер и повикува на „ослободување на претседателот Мохамед Базум и неговото семејство“, кои се заробени од пучистите, соопшти денес француското Министерство за надворешни работи.
„Повикуваме на почит и на враќање на интегритетот на демократските институции во Нигер што е можно побрзо“, додаде Министерството за надворешни работи.
„Ги поддржуваме регионалните напори за рано излегување од кризата, притоа почитувајќи ги демократските принципи на Нигер со цел да се воспостави цивилно владеење што е можно поскоро“, додаде Министерството.
Париз има 1.500 војници во Нигер. Утрово армијата на Нигер ги поддржа воените пучисти кои го држат претседателот Базума во претседателската палата повеќе од 24 часа. Пучистите ги распуштија институциите и ги затворија границите.
Пучот во Нигер е трет во тој дел на Африка, по доаѓањето на воената хунта во Мали и Буркина Фасо. Нигер, сиромашна земја чија историја е обележана со државни удари, е меѓу последните сојузници на Франција во Сахел, регион опфатен од нестабилност, несигурност и џихадистички напади.
Хуманитарните операции на ОН во Нигер се „прекинати“ поради пучот, додека хуманитарната ситуација во земјата инаку е „комплексна“, изјави денес портпаролот на ОН Стефан Дујарик.
Според Канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН (OCHA), бројот на луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош во Нигер е зголемен од 1,9 милиони во 2017 година на 4,3 милиони во 2023 година, а се очекува и бројот на луѓе кои се жртви на акутна несигурност во храната. да достигне 3 милиони од јуни до август, во времето пред новата реколта.