Парите што ги врати Тодоровиќ ќе одат за асфалтирање улици и доградба на училишта во Центар

by fokus

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, вели дека ќе бидат наменети за продуктивни цели средствата што се вратени во општинската каса од страна на осомничените за малверзации при изградба на мостот „Око“.

Како што објави вчера Финансова полиција на сметка на Општината веќе се исплатени 433.000 евра, за кои осомничените се товарат дека го оштетиле буџетот. И покрај тоа осомничениот екс градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, нема да куртули од одговорност.

Богдановиќ вели дека парите ќе се искористат за тековни активности и за програмите кои се во процес на реализација.

-Со нив ќе можеме да забрзаме или да почнеме порано некој проект што сме го предвиделе за реализација. Имаме асфалтирање на улици, доградба на училишта, енергетско ефикасни фасади, реконструкција на градинки. Средствата ќе се употребат за овие намени – вели тој за „Фокус“.

Поврзани новости