591
Паричните награди кои поранешниот премиер Зоран Заев ги доби во текот на неговиот мандат, тој ги донирал во фондот за борба против ковид, покажува неговиот анкетен лист за имотната состојба што го доставил по завршување на мандатот.
Заев доби три награди:
-Наградата „Фридрих Еберт“ за човекови права добиена во 2020 во Берлин која се состоела од плакета и паричен износ од 10.000 евра.
-Хесенската награда за мир на фондацијата „Алберт Освалд“ во покраината Хесе, Германија која се состоела од плакета и парични средство од 12.500 евра
-Меѓународната награда за мир на Вестфалија, во висина од 25.000 евра