Парите од донации за Леонид биле украдени уште пред 20 дена!

by Fokus

Леонид Индов, 18-годишно момче од Скопје за кое неколку месеци наназад се собираа донации за скапо лекување, останал без значителна сума од донациите, откако крадци влегле во неговиот семеен дом и го ограбиле.

Од МВР за „Фокус“ откриваат дека настанот се случил минатиот месец, на 18-ти, но нема податоци за точната сума на пари која била украдена.

На социјалните мрежи и во некои медиуми се објави веста дека биле украдени 50.000 евра, но официјална потврда за тоа се уште нема од надлежната служба.

Истиот ден, на 18-ти, од страна на Б.И. било пријавено во полиција дека во периодот од 11.30 до 14.50 часот со подесен предмет било влезено во нивниот дом во Аеродром и биле одземени пари и други предмети.

Се превземале мерки за расчистување на случајот.

Веста дека некој се дрзнал да украде пари наменети за лекување на младо момче ја вознемири јавноста. На социјалните мрежи повторно се актуелни апелите за донации, а денес и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски кој додели признанија за најдобрите просветни работници, истакна дека паричните средства ќе бидат донирани за лекувањето на Леонид.

Инаку, момчето се здоби со тешки повреди на ‘рбет за време на летување во соседна Грција. Како што првично се објавуваше, потребни биле средства за негово лекување на клиника во Швајцарија во износ од околу 800.000 евра.

Вики Клинчарова

Поврзани новости