711
Луѓето кои ќе одбијат да носат маски во јавниот превоз или во продавниците во Велика Британија ќе бидат казнети.
Премиерот Борис Џонсон го врати задолжителното носење маска за да се спречи ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот.
Новите правила ќе почнат со казни кога законот ќе биде усвоен денеска во Парламентот, а ќе стапи во сила утре.
Секој што ќе ја заборави или нема да носи маска ќе плати 200 фунти за првиот, а секој следен прекршок ќе се наплаќа двојно.
Тоа значи дека вториот пат оној што нема маска ќе плати 400 фунти, третиот пат 800, додека казната може да достигне најмногу 6.400 фунти.