Парите од Фондот за развој и функционирање на универзитетот „Свети Климент Охридски“ наместо за развој на Универзитетот и студентите завршувале во приватни џебови, на сметки на ректори, проректори, декани од овој универизитет, открива просветниот инспектор во пензија, Ѓорѓи Илиевски.
Тој за случајот што го откри во јавноста на 3 јуни поднел претставки до Основното јавно обвинителство, до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Финансиската полиција.
Како што објаснува Илиевски во овој Фонд се собрани пари од студентите, од единиците на факултетите кои плаќаат по пет отсто од приходот на факултетите.
Од Увидот во Отворени финансии, Илиевски вели дека на сметка на ректорот Сашо Коруновски од Фондот легнале околу 30 илјади евра, проректорот кој сега е назначен за ректор, Игор Неделковски од Фондот земал над 500 илјади денари, Љупчо Кочоски исто така над 500 илјади денари, а проректорот Марјан Ѓуровски зел околу 695 илјади денари.
-Со овие средства целта е да се овозможи подобар развој, а не да завршуваат на лични сметки, вели Илиевски во гостување на 24 Вести.