Параноичниот Мицкоски сака да нѐ скара со цел свет и со цела Европа, велат од СДСМ

by Fokus

„Паранојата што ја покажува Христијан Мицкоски во однос на некакви светски заговори јасно покажува дека станува збор за еден антиевропски политичар. Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник Никола Груевски и сосема е свесен дека реториката што ја искажува изминатите денови, реториката против ЕУ и против НАТО, ќе ја остави Македонија уште најмалку 11 години во изолација“, соопшти СДСМ.

„Параноичниот Мицкоски сака да нѐ скара со цел свет и со цела Европа. Прво зборуваше за некакаква бугаризација и асимилација, па кога тоа се покажа дека е невистина почна да зборува за бугарски диктат.

Откако стана јасно дека нема никаков бугарски диктат, Мицкоски сега ја менува реториката и зборува за некакви притисоци и светски заговори против него и неговата партија.

Тој едноставно има капацитет да создава само непријатели па смета дека сите и така размислуваат.

Тоа само укажува на неговите лични фрустрации и неговата лична состојба која е далеку од реалноста бидејќи е сосема јасно дека Македонија во овој период има огромна поддршка од меѓународниот фактор и има пријатели како што никогаш досега немала“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости