Илјадници приврзаници на двете главни ривалски опозициски групи во Тунис денеска одржаа одделни протести против претседателот Каис Саид, на кои ја бараат неговата оставка.
Во главниот град на Тунис дојде и до помали судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Туниската партија Енахда и Слободната уставна партија, која ги организираше протестите, со години наназад имаат отворен непријателски однос, и иако и натаму се спротивставени, сега главно се фокусирани на борбата против тунискиот претседател, кого го обвинуваат за недемократски пуч.
Саид ја презеде извршната власт минатата година и го распушти парламентот.
Јавните финансии во земјата се на работ на колапс и тоа доведе до недостиг на прехранбени производи во продавниците, вклучувајќи и некои од основните, бидејќи земјата нема средства да ги увезе.