225
На 01.09.2024 во 18.11 часот во СВР Битола било пријавено дека кај полетувалиштето за параглајдери на место викано „Мечкин Камен“ во Крушево бил пронајден повреден параглајдеристот К.Ф.Б.(60) од Сојузна Република Германија.
Според пријавеното, околу 17.40 часот тој полетал од полетувалиштето, но поради силниот ветар изгубил контрола и паднал веднаш по полетувањето и се здобил со тешки телесни повреди.
Од екипа на Итна медицинска помош тој пренесен до хелиодромот, кој се наоѓа во близина, по што со хеликоптер на МВР бил пренесен до приватна болница во Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител.