Парада на гордоста во Скопје

by Fokus

Под мотото „Гласни и горди!“, во Скопје се одржува четвртата Парада на гордоста.

На настанот има помалку луѓе за разлика од минатата година. Настанот се бори за различности, љубов, еднаквост и слобода.

На чело со огромно знаме во боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата, учесниците маршираа низ центарот на Скопје без провокации, проблеми и инциденти.

Маршот тргна од паркот Жена борец, а крајната дестинација е стадионот на АРМ во Градски парк, каде што ќе заврши со музичка програма.

На парадата беа присутни вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиноска-Стојчевска и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Парадата, чие прво издание се одржа во 2019 година, е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

 

Поврзани новости