Папата за депортациите од САД: Исус, Марија и Јосиф исто така биле мигранти

by Fokus

Папата Франциск денеска во писмо до американските бискупи повика на поддршка за мигрантите, кои се соочуваат со масовни депортации според политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, потсетувајќи дека и Исус, Марија и Јосиф биле мигранти.

Папата оцени дека масовните депортации се „рана на човечкото достоинство“ и се осврна на зборовите на папата Пиј XII за емиграцијата на Исус Христос во Египет.

– Семејството на Назарет во егзил, Исус, Марија и Јосиф, кои емигрираа во Египет и таму најдоа засолниште за да го избегнат гневот на злобниот крал, се пример и утеха за емигрантите и аџиите од сите возрасти и од секоја земја, за сите бегалци во каква било состојба, кои поради напади или поради кои нивните пријатели мораа да ја напуштат својата земја и да заминат во странство“, Франциск ги цитираше зборовите на папата Пиј.

Папата Франциск потсети дека луѓето често емигрираат поради сиромаштија, експлоатација и прогонство и дека масовните депортации се против човечкото достоинство и емпатија, пишува Vatican News.

– Она што се гради на сила, а не на вистината за еднаквото достоинство на секој човек, почнува лошо и лошо ќе заврши – предупреди папата.

Ден по неговата инаугурација на 20 јануари, Трамп започна политика на масовни депортации на мигранти, главно со потекло од Латинска Америка, кои пријавиле нехумано постапување.

Поврзани новости