Папата Франциско и се помоли на Пресвета Богородица, барајќи мир за украинскиот и рускиот народ.
„Тие се браќа, роднини. Нека се договорат! Војната е секогаш пораз. Мир на целиот свет”, рече папата на крајот од неделната молитва за време на неговата посета на Корзика.
Папата повика на мир во Светата земја, односно на палестинските територии, Израел, како и во Либан, Сирија и на целиот Блиски Исток.
Пред да отпатува за Корзика, тој испрати писмо до својот нунциј во Москва, каде го допре прашањето за украинскиот конфликт, кој носи „толку многу страдања“. Тој претходно испратил писмо до својот нунциј во Киев.
Папата пред една и пол година го назначи кардиналот Матео Зупи за свој мировен пратеник за Украина. Во октомври тој беше во втора посета на Москва, пренесува Танјуг.