Папата: Црквата е отворена за сите, вклучително и за хомосексуалците, но во рамките на правилата

by Fokus

Папата Франциск изјави дека Католичката црква е отворена за сите, вклучително и за хомосексуалците и дека е должна да им помага во духовните работи, но во рамките на нејзините правила.

Говорејќи пред новинарите во авионот со кој се враќаше во Рим по една недела престој во Португалија, Папата рече дека иако црквата е отворена за секого, постојат закони и правила кои го регулираат животот во црквата, пренесува Ројтерс.

На прашањето дали е неконзистентно што одредени верници, како жените и хомосексуалците, немаат исти права и не можат да примаат одредени тајни, Папата одговори дека според црковните правила, не можат да учествуваат во одредени тајни, но дека тоа не значи дека црквата е затворена.

Поврзани новости