Папата: Сексуалното задоволство е дар од Бога, но избегнувајте порнографија

by Fokus

Папата Франциско денеска изјави дека „сексуалното задоволство е дар од Бога“, но ги повика католиците да избегнуваат порнографија.

– Сексуалното задоволство е нешто што треба да се негува, но е поткопано со порнографија. Задоволството без врска може да создаде форми на зависност – рече Папата.

Тој додаде дека љубовта треба да се брани и дека „победата во борбата против страста може да биде доживотен потфат“.

Медиумските извештаи велат дека папата одговарал на критиките од конзервативните критичари, откако минатата недела повторно се појави во продажба сексуално експлицитна книга напишана пред неколку децении од поглаварот на доктрината на верата, Виктор Мануел Фернандез.

Книгата на аргентински кардинал близок на папата Франциско, меѓу другото, вклучува и поглавје во кое се опишуваат разликите помеѓу машкиот и женскиот оргазам.

Одговарајќи на критиките, Фернандез рече дека сега „дефинитивно“ нема да напише таква книга.

Поврзани новости