Папата се сретна со рускиот епископ Иларион

by fokus

При посетата на Унгарија, поглаварот на Римокатоличката црка, папата Франциск вчера се сретна со митрополитот Будимпештански, Иларион, епископ на Руската православна црква.

Поглаварот на католичката црква го прими Григориј Валериевич Алфеев, како што секуларно се нарекува овој висок претставник, во аудиенција во амбасадата на Ватикан, објави Светата столица на Twitter.

Средбата меѓу двајцата црковни поглавари поминала во „срдечна атмосфера“ и траела дваесетина минути, се наведува во соопштението. Папата го поздравил митрополитот со прегратка и го бакнал крстот што го носи околу вратот, пишува Vatican News.

Поврзани новости