Папата: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите

by Fokus

Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи.

Овие кризи се „камења на смртта“, рече Папата во базиликата Св. Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе.

Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат копнежот за мир во светот, но и на себичноста и рамнодушноста.

Папата истакна дека Велигден ќе ги помести тие камења. Тој рече дека Велигден треба да ги охрабри луѓето и да им даде надеж.

„Тоа е моќта Божја: победата на животот над смртта, триумфот на светлината над темнината, повторното раѓање на надежта меѓу урнатините на неуспехот“ рече тој.

По страсната седмица причина за радост е велигденското бдение, рече тој.

„Сестри, браќа, нека ви пукнат срцата од радост во оваа света ноќ!“, рече Папата во својата проповед.

 

Поврзани новости