Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, вчера предупреди на опасноста од сведување на меѓучовечките односи на „обични алгоритми“ и ги повика пратениците да бидат внимателни против „партиската“ пропаганда и поделеноста на социјалните мрежи.
Во говорот пред учесниците на Меѓународната католичка законодавна мрежа, која ја одржуваше својата годишна конференција во Рим, папата Фрањо истакна како социјалните мрежи можат да бидат начин да им помогнат на луѓето да разберат дека се дел од нешто поголемо од себе.
„Навистина, тоа е наведената цел на многу платформи за социјални медиуми, и секако многу добро се случува преку овие средства за комуникација“, рече Франциск.
Сепак, додаде папата, потребна е будност, „бидејќи, за жал, многу дехуманизирачки трендови кои се резултат на технократијата се наоѓаат во овие медиуми“.
Како пример за ова, тој го наведе намерното ширење на лажни информации за луѓе, лажни вести и промовирање омраза и поделби.
Папата дополнително ја осуди, како што рече, „партиската пропаганда и намалувањето на човечките односи на обични алгоритми“.
„Друга опасност на социјалните мрежи е лажното чувство на припадност, особено кај младите, што може да доведе до изолација и осаменост“, рече тој.