Папата Франциск ја повреди десната надлактица при пад во својата резиденција, но немаше скршеница, соопшти денеска Ватикан.
Во соопштението се додава дека папата се здобил со контузија на раката, која била имобилизирана како мерка на претпазливост, пренесе Ројтерс.
Поглаварот на Католичката црква во декември минатата година наполни 88 години и често користи бастун или инвалидска количка за да се движи поради болки во колената и грбот.
Pope Francis injured his right forearm after a fall in his residence on Thursday but did not suffer any broken bones and continued on with his agenda for the day, the Vatican said.
Click the photo to read more: https://t.co/JH92TX7VUp
— GMA Integrated News (@gmanews) January 16, 2025
Папата Франциск исто така имаше операција на дивертикулитис во 2021 година, а две години подоцна и на кила. Сепак, во својата автобиографија, тој ги минимизираше стравувањата за своето здравје и ја отфрли можноста за пензионирање.
„Добро сум. Црквата ја водат главата и срцето, а не нозете“, рече Папата.