Папата Франциск денеска им се извини на народот на Демократска Република Конго и Јужен Судан, бидејќи поради проблеми со одење, морал да ја откаже посетата на тие земји и рече дека се надева оти неговата состојба ќе се подобри.
Ватикан во четвртокот објави дека патувањето планирано за 2 до 7 јули е одложено на неодредено време поради проблемот со коленото на папата, поради што тој користи инвалидска количка повеќе од еден месец, пренесе Ројтерс.
– Многу ми е жал што морав да го одложам ова патување, кое се уште сакам да го продолжам – рече папата Фрањо во неделното обраќање пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар.
– Ве молам простете ми за ова. Заедно да се молиме со Божја помош и исцеление да дојдам кај вас што поскоро. Да се надеваме – рече тој, директно обраќајќи им се на граѓаните и властите на двете земји.
Ватикан во четвртокот соопшти дека патувањето е одложено за да не бидат загрозени резултатите од терапијата.