Папата Франциско ќе ја пренесе својата традиционална божиќна порака од балконот на базиликата Св. Петар во Ватикан напладне по божиќната миса. Поглаварот на Католичката црква ќе го даде благословот „Урби ет Орби“, што значи за градот и светот. Се очекува папата да зборува против војните и насилството, бидејќи овогодинешните божиќни прослави беа особено обележани со крвави борби во Украина и Газа.
Десетици илјади верници се очекува да се соберат на плоштадот Свети Петар за да ја слушнат пораката. Божиќ оваа година се слави многу тивко во Светата земја поради војната во Газа меѓу израелските сили и палестинските милитантни групи. Во Витлеем на Западниот Брег под израелска окупација, родното место на Исус Христос, поради строгите контроли на израелските сили, речиси и да нема аџии или туристи.
Илјадници христијани обично го посетуваат Витлеем околу Божиќ. Поради војната, христијанските водачи решиле да се откажат од божиќните украси во Светата земја. Мало христијанско малцинство живее и во Израел и на палестинската територија.