Папата му испрати телеграма на новиот крал Чарлс Трети

by fokus

Папата Франциск порача дека е длабоко погоден поради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Тој и оддаде почит на нејзината „неуморна служба за доброто на Британија и Комонвелтот“.

Папата му испрати телеграма на новиот крал Чарлс Трети и му порача дека ќе се моли за „вечен одмор“ на кралицата Елизабета.

Кралицата се сретна со папата Франциск во Ватикан во април 2014 година и му даде корпа со храна полна со локални деликатеси и шише виски Балморал. За време на нејзиното долго владеење, кралицата се сретна со пет папи.

Поврзани новости