Папата мора да оди на итна операција на дебелото црево

by Fokus

Папата Франциск мора да оди на итна операција. Ватикан соопшти дека на папата попладнево во болницата Гемели во Рим ќе му биде извршена операција на абдоменот, пишува Ројтерс, пренесува Index.hr.

Тие додадоа дека неговиот медицински тим во последните денови одлучил дека е неопходна операција и дека се очекува тој да остане во болница неколку дена за да закрепне.

Ватикан соопшти дека операцијата на дебелото црево ќе се изврши под општа анестезија.

Папата Франциск ќе биде однесен во болница по неговата неделна аудиенција во Ватикан во среда наутро, а за време на настанот не ја спомена планираната операција.

Во вторникот тој помина 40 минути на преглед во болницата Гемели.

Папата, кој ја одбележа 10-годишнината од неговиот понтификат во март, често користи инвалидска количка или стап за одење поради болки во коленото.

Во јули 2021 година, дел од дебелото црево му беше хируршки отстранет поради дивертикулитис.

Папата минатата година рече дека не сака да го оперира коленото бидејќи општата анестезија за операција на дебелото црево предизвикала непријатни несакани ефекти.

Поврзани новости