Папата Лав XIV се сретна за прв пат со жртви на сексуална злоупотреба од страна на членови на католичкото свештенство во понеделник, неколку дена откако Комисијата за заштита на децата на Ватикан ги обвини и критикуваше високите црковни службеници дека се премногу бавни во помагањето на жртвите.
Папата Лав XIV се сретна со членовите на меѓународното здружение на жртви наречено „Крај на злоупотребата од страна на свештенството“.
На средбата со Папата присуствуваа шест жртви на злоупотреба. Тие рекоа дека средбата траела околу еден час и дека станува збор за „многу важен дијалог“.
„Крај на злоупотребата од страна на свештенството“ е глобална мрежа на оние кои се залагаат за одбрана на човековите права, како и правата на жртвите на злоупотреба од страна на свештенството, и работат заедно за да се стави крај на злоупотребата и неказнивоста на свештенството.
Црквата со 1,4 милијарди членови со децении е потресена низ целиот свет од скандали поврзани со злоупотреба и нејзино прикривање, што го оштети кредибилитетот на Црквата и чинеше стотици милиони долари во спогодби.