Папата Франциск денеска повика ранетите во Газа веднаш да бидат згрижени, да се обезбеди заштита на цивилите и да се достави поголема хуманитарна помош во Појасот Газа.
Во исто време, тој повика на ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, пренесе Ројтерс.
Папата Франциск повторно повика на прекин на борбите во војната меѓу Израел и Хамас, велејќи дека секое човечко суштество има право да живее во мир, пренесе Анса.
„Оружјето нека замолкне, никогаш нема да донесат мир и нека не се шири конфликтот. Доста е, доста браќа, доста“, рече папата по денешната молитва.
Тој посочи дека секое човечко суштество, без разлика дали е христијанин, Евреин, муслиман, од која било религиозна вера, е свето и драгоцено во Божји очи и има право да живее во мир.