Папата го шокираше Ватикан:„Можен е благослов за истополовите бракови“

by Fokus

Папата Франциско изјави дека е можно да се зборува за тоа Католичката црква да ги благослови истополовите бракови. Група кардинали побараа појаснување за ова прашање, па папата рече дека секое барање за благослов треба да се третира со „пастирска милост“.

„Не можеме да бидеме судии кои само негираат, отфрлаат и исклучуваат“, рече тој.

Папата, сепак, додаде дека црквата сè уште ги смета истополовите врски за „грешни“ и нема да ги признае, пишуваат медиумите во регионот.

Епископите од неколку земји, како Белгија и Германија, почнаа да им дозволуваат на свештениците да благословуваат истополови парови, но позицијата на црковните власти остана нејасна.

По барањето за појаснување во 2021 година, Ватикан пресуди дека таквата практика не е дозволена.

Одговарајќи на последното барање, папата рече дека црквата го разбира бракот како „ексклузивна, стабилна и нераскинлива заедница меѓу маж и жена“ и дека треба да се избегнува „секаков вид обред што би се спротивставил на ова верување“.

Но, тој додаде дека „кога се бара благослов, тоа е изразување молба до Бога за помош, барање да се живее подобро“.

Поврзани новости