94
Папата Франциск го прекина својот говор пред група француски експерти за верски комуникации во Ватикан, велејќи дека боледува од бронхитис.
„Би сакал да го прочитам целиот говор, но има проблем. Имам бронхитис“, им рекол папата на учесниците на симпозиумот, пренесе Ројтерс.
Ватикан соопшти дека експертите на бискупската конференција на Франција го примиле говорот во писмена форма.
Минатиот ноември, папата Франциск страдаше од акутна инфекција на белите дробови, поради што беше принуден да го откаже планираното патување на климатскиот самит COP28 во Дубаи, а неговите говори ги читаа помошниците.