Папата го нарече срамен планот на Трамп за депортација на мигрантите

by Fokus

Папата Франциск ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека, откако ќе ја преземе функцијата, ќе иницира построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации.

Во интервју за италијанскиот телевизиски канал Canale 9, Папата рече дека би било „срамота“ доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави Ројтерс во понеделникот, додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за шефот на Католичка црква.

Френциск, кој е духовен водач на 1,4 милијарди католици, обично внимателно ги избира своите зборови кога зборува за политички прашања.

Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.

„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече Папата.

Прифаќањето и пречекот на мигрантите беше една од клучните теми на Папата во текот на неговиот 12-годишен понтификат. Тој претходно ја критикуваше антиимигрантската политика на Трамп, а во 2016 година го обвини дека „не е христијанин“.

Претстојната американска администрација најави голема рација во Чикаго за откривање и депортирање илегални имигранти, но Трамп повторно го разгледува тој план.

Поврзани новости