Папата Франциск рано изутринава пристигна во Будимпешта, во посета на Унгарија, каде што ќе ја прослави завршната миса на Меѓународниот евхаристиски конгрес, јави ДПА.
Се очекува илјадници луѓе да присуствуваат на настанот, кој ги привлече претставниците на cрквата од целиот свет да ја зајакнат вербата во Евхаристијата, централен принцип на Римокатоличката црква.
Оваа година, поради очекуваниот висок интерес, властите ги олеснија рестриктивните мерки, така што од луѓето што сакаат да присуствуваат нема да се бара да покажат доказ за негативен тест за коронавирус или вакцинација.
Најавена е можност папата да оствари средба и со унгарскиот претседател Виктор Орбан на маргините на церемонијата. Орбан честопати се опишува како бранител на христијанството, но неговиот став кон повеќе политики – вклучително и оние што повикуваат мигрантите да се држат надвор од Унгарија – честопати го става во судир со папата.
Папата Франциск, по завршувањето на програмата во Унгарија, подоцна во текот на денот, ќе отпатува во посета на Словачка.