529
Папата Франциск, кој веќе неколку дена откажува одредени активности поради настинка, не е заразен со новиот коронавирус, објави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни немаше коментар за наводите на весникот.
Папата е тестиран за коронавирус, бидејќи неговата настинка не поминува со денови, има треска и кашлица.
Тој кашлаше пред пет дена за време на миса, по што се ракуваше со десетици луѓе на плоштадот Свети Петар.
Во меѓувреме, тој откажа некои аудиенции за да се опорави.