602
Папата Франциск ја обвини Европа за игнорирање на мигрантското прашање. За време на посетата на Грција и Кипар, пред барателите на азил на остовот Лезбос,Папата го опиша запоставувањето на мигрантите како “потонување на цивилизацијата” и според него некои лидери го третирале проблемот како ова прашање да не ги засега нив.
Во кампот се сместени 2300 мигранти повеќето од Авганистан, Сирија и Ирак кои се обидуваат да заминат во западно европските земји.
Претходно при посетата на Атина повозрасен грчки свештеник вербално го нападна Папата со зборовите “ Ти си еретик” по што беше соборен на земја од страна на полицијата.