Папата Франциск ја испрати првата аудио порака откако е хоспитализиран

by Fokus

Папата Франциск денеска ја испрати својата прва аудио порака откако беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија пред речиси три недели, изразувајќи благодарност до луѓето ширум светот кои го поддржаа.

Кратката порака, снимена во римската болница Гемели, била емитувана за време на вечерната молитва за папата на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска прес-службата на Ватикан соопшти дека состојбата на папата е стабилна и дека тој не претрпел нови респираторни кризи. Во соопштението се вели дека прогнозите за здравјето на Папата остануваат претпазливи.

Ватикан секојдневно известуваше за состојбата на папата, но денеска објави дека „со оглед на стабилноста на клиничката слика, следниот медицински билтен ќе биде објавен во сабота“.

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој се лекува од билатерална пневмонија, беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари и оттогаш имаше неколку респираторни кризи.

Поврзани новости