335
Папата Франциск одлучи да го прескокне читањето на планираниот говор на денешната конференција, објаснувајќи дека сè уште има проблеми со дишењето по неодамнешната операција на абдоменот.
„Се уште сум под дејство на анестезија, не дишам добро“, рече папата Франциск на состанокот на Источната католичка црква.
Тој рече дека делегатите ќе го добијат текстот од неговиот говор.
„Сè уште сум жив“, одговорил 86-годишниот папа на прашањето како се чувствува.
На 7 јуни, на папата му беше извршена операција на стомакот и девет дена се опоравуваше во болница. Тој имаше напорен распоред откако се врати во Ватикан минатиот петок, вклучително и средби со претседателите на Куба и Бразил.
Денес, 22 јуни, папата имаше дури осум настани на својот распоред.