Папата Франциск дури и прошетал после операцијата на дебелото црево

by Fokus

Ватикан денеска соопшти дека папата Франциск добро заздравува по операцијата на дебелото црево, дека добро спиел, јадел, па дури и прошетал.

-Уредни се резултатите од рутинските прегледи, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Тој во изјавата додаде дека папата дури прочитал и неколку весници.

Папата Франциск (85) во неделата вечерта беше подложен на тричасовна операција на дебелото црево, во која под општа анестезија се реши проблемот со дивертикуларната стеноза, односно му беше отстранета левата половина од дебелото црево. Тој треба да мине една недела во болницата Гемели во Рим, доколку нема никакви компликации.

Поврзани новости