Папата Франциск денеска повика на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас и го повтори апелот за ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група во Газа.
Никој да не се откаже од можноста да го запре оружјето, рече Папата на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
„Престанете на огнот“, нагласи тој, спомнувајќи го неодамнешниот телевизиски апел на отец Ибрахим Фалтас, еден од претставниците на Ватикан во Светата земја. Потоа со свои зборови додаде:
„Ние велиме „прекин на огнот, примирје“. Браќа и сестри, престанете! Војната е секогаш пораз, секогаш“.
Зборувајќи за „тешката ситуација во Палестина и Израел“ и „особено во Газа, нека има простор за гарантирање на хуманитарната помош, а заложниците веднаш да бидат ослободени“, рече Папата.
Илјадници очајни жители на Газа упаднаа во магацините и дистрибутивните центри на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNRWA) за да грабнат брашно и „основни предмети за преживување“, соопшти денеска организацијата.