Папата до верниците: Заземете ја страната на мирот во судирот меѓу Хамас и Израел

by Fokus

Папата Франциск изрази жалење за очајната ситуација во Појасот Газа, повикувајќи ги верниците да заземат само една страна во конфликтот меѓу Израел и Хамас – „страната на мирот“.

Тој за време на неговата аудиенција на плоштадот Свети Петар, директно не ја спомена експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа, за која Палестинците ја обвинија израелската армија.

Од друга страна, армијата на Израел тврди дека експлозијата била резултат на неуспешна ракета лансирана од палестинскиот исламски Џихад.

Папата повика да се направат сите можни напори за да се избегне хуманитарна катастрофа. Најави дека на 27 октомври во базиликата Свети Петар ќе ја предводи пригодната миса и молитвата за мир.

Поврзани новости