103
Легендата на италијанскиот фудбал – Паоло Малдини би можел да стане спортски директор на Њукасл, соопштува италијанска „Газета“.
Поранешниот прв спортски оперативец на „страчките“ Ден Ешворт е на прагот да потпише за Манчестер Јунајтед, а англискиот тим во Малдини гледа идеална замена.
По фантастичната играчка кариера, Малдини ја извршуваше функцијата спортски директор на Милан, а неодамна одби финансиски профитабилни понуди од неколку екипи од Саудиска Арабија.
Премиерлигата би била голем предизвик за Паоло.
Малдини целата играчка кариера ја мина во Милан, тим за кој настапуваше од 1984 до 2009 година и на 647 настапи постигна 29 гола.
За италијанската репрезентација настапи 127 пати и постигна 7 гола.