Микробиологот Никола Пановски по втор пат се упати со апел со сите институции и граѓани да преземат мерки затоа што некој по порталите редовно го злоупотребува неговото име и фотографија, наводно дека рекламира некој чај или лек.
„Драги пријатели, една молба до сите вас! Ве молам споделувајте го овој пост со мојов текст кои следи: АКО ВИДИТЕ РЕКЛАМА, ТЕКСТ, ФОТО, ИНТЕРВЈУ СО МЕНЕ НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА БИЛО КАКОВ ПРОИЗВОД, ЧАЈ, ЛЕК ИТН. ЗНАЈТЕ ДЕКА Е ЛАГА, НЕ КУПУВАЈТЕ ВЕ МОЛАМ!!!
Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден. Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам. СПОДЕЛЕТЕ!!! Ви благодарам“, се наведува во објавениот стстус на доктор Пановски.
Тој уште претходно апелираше до сите институции, кои очегледно не преземале ништо.
Ги прашувам зошто постојат, арам да ви е платата што ја примате: Агенција за аудиовизуелни медиуми, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за заштита од дискриминација, Антикорупциска комисија, УЈП,МАЛМЕД, Министерство за здравство, Обвинителство, Народен правобранител, МВР. Господине Оливер Спасовски, под итно уапсете ги овие криминалци, што е проблемот?
Прекршуваат јавно, секој ден, десетици закони, се ви е на тацна, спасете си го угледот ваш и на Владата, заштите не нас и пациентите!!!“, пишуваше Пановски.
„Фокус“ пред неколку месеци веќе објави дека имиња на познати и угледни лекари се злоупотребуваат со цел да се дојде до побрза заработувачка.