Пановски за лажните реклами на производи: Не купувајте го тоа ѓубре, не ги богатете криминалците

by Fokus

Микробиологот Никола Пановски, кој знае по кој пат реагира на лажните објави, поврзани со неговото име за реклами на одредени производи.

„Почитувани, само да ве потсетам на тоа што го објавив пред 8 месеци. Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име, мојата слика покрај некој производ, се е тоа злоупотреба, ако има интервју, тоа е изнислено. Не купувајте го тоа ѓубре. Не ги богатете криминалците.

Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува. Купувајќи таков производ, бидете свесни дека дел од вашите пари одат и за подмитување на оние кои веќе ги плаќаме преку Буџетот да не заштитуваат, како награда што не не заштитуваат“, се наведува во објавата на професорот Пановски на неговиот фејсбук профил.

Поврзани новости