1.2K
Дел од медиумите денеска пренесоа информација дека ЛДП планира да ги предложи докторите Никола Пановски и Драган Данаиловски за членови на Комисијата за заразни болести.
Доктор Пановски во изјава за „Фокус“ вели дека тоа го чул од медиумите, а партиите не предлагаат членови во Комисијата.
Тоа го чув од медиумите. Партиите официјално не предлагаат, ниту владата, тоа е комисија на министерот за здравство, објаснува доктор Пановски.
На прашањето дали би прифатил да биде дел до Комисијата за заразни болести, тој одговара:
Можеби, но под мои услови, кои не верувам дека ќе бидат прифатени. Прв услов, укинување на сертификатите.
Катерина Смилева Божиновска