Зошто не се научивме на грешките и повторно се доведуваме до неповолна ситуација, прашува микробиологот Никола Пановски.
Бројката на заразени во Македонија во изминатите два дена значително скокна, а според него, сега е веќе доцна за воведување на нови рестриктивни мерки.
„Се знаеше дека ова ќе се случи. Предупредував јас и некои епидемиолози. Нова варијанта омикрон, отворени граници и масовни собирања и прослави пред и за Нова Година, се знае што ќе се случи. Треба да ги прашате тие што по катастрофата со делта варијантата, кога пуштија без тестирање лица да ја внесат делта варијантата од странство и да ја шират по свадби летоска, зошто го повторија тоа. Зошто ги повторуваат грешките упорно?“, вели Пановски за „Фокус“.
И да се донесат дополнителни рестриктивни мерки од надлежните органи, тоа ќе биде бадијала, смета нашиот соговорник.
„За конкретни мерки сега е доцна. Вирусот од надвор лесно влезе во Македонија, а сега од прославите веќе е внесен во десетици илјади домови и фирми. Сертификатите се малтретирање на луѓето, немаат никаква епидемиолошка оправданост, особоно со омикрон сојот. И вакцинираните се заразуваат и пренесуваат“, додава тој.
Јорданчо Цветаноски