1.5K
Министерството за здравство денеска соопшти дека преку ЕУ го добива лекот „Ремдесивир“, кој лекува од корона вирусот.
Меѓутоа лекот „Ремдесивир“ е исклучително опасен, токсичен е и има несакани дејства, вели за Слободен печат микробиологот доктор Никола Пановски.
„Веста дека овој лек го лечи вирусот ковид-19 брзо се прошири, но нагласувам дека станува збор за лек кој се употребува исклучително за тешки случаи и истиот е токсичен и предизвикува докажани несакани дејства. Нема докази дека ја намалува смртноста, но сепак го скратува лекувањето“, вели Пановски.