1.5K
Микробилогот Никола Пановски во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 истакна дека повеќе починале вакцинирани граѓани, отколку тие што го прележале опасниот Ковид 19.
„Колку починаа од прележаните – 8. Колку починаа од комплетно вакцинираните, кои нели имаат 5,5 повеќе пати антитела – околу 400. Разликата е таа. Имунитетот на вакцината трае 6 месеци, но исто и од прележувањето. Не викам да не се вакцинирааат и ги повикувам тоа да го сторат. Но, не може да се ограничуваат прелeжаните. Ниту еден од тие што прелeжале не се заразиле повторно во првите шест месеци. Значи, реткост е“, истакна доктор Пановски.