757
Микробиологот Никола Пановски во гостувањето во „Клан дебата“ говореше за состојбата со корона вирусот во Македонија и потенцираше дека маските од училиштата треба да се тргнат од употреба.
„Не е убаво здравите луѓе да ги спречуваме да се движат. Приоритет треба да биде вакцинацијата. Младите имаат прележано. Маските во училиштата полека треба да ги симнуваме. За последно би го оставил укинувањето на маските во јавниот превоз и маските во продавниците, рече доктор Пановски.