Пановски: Мачење е да носите маска на плажа на 40 степени

by Frosina Fakova

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски во изјава за ТВ Телма вели дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.

-Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска, вели Пановски.

Според него, протоколите мора да бидат сменети, бидејќи прописите што се носат, како овој за задолжително носење маска на плажа, мора да бидат логични.

-Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно, вели професорот.

Според него, вирусот многу слабо се шири на отворено, особено ако има дистанца. Вели дека е потребен многу близок контакт кој трае подолго и тоа со луѓе кои не живеат заедно за вирусот да се пренесе.

Поврзани новости