670
Доктор Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека науката била потисната при носење на мерките за заштита од корона вирусот.
-И во моментот кога требаше да се разлабават мерките во општините каде се намалува бројот на заболени – тие да се наградат, а полицискиот час никако не требаше да се укинува, немаше потреба тој да се укине. Немаше логика ниту автобусите бесплатни за пензионерите да се пуштат. А тие луѓе во Комисијата за заразни болести се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразени ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи – рече Пановски.