Во последните неколку денови во јавноста повторно беше актуелна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која не се појави на седницата на Град Скопје на советнички прашања, а никој воопшто и не знаеше каде е тој период, тврдат дел од советниците.
Микробиологот Никола Пановски, кој е советник од редовите на ЛДП и ДОМ во изјава за „Фокус“ објасни како речиси еден месец советниците чекале Арсовска да ги удостои со одговор- дали воопшто ќе се појави на седницата за советнички прашања.
„ Речиси еден месец чекаме одговор од градоначалничката за да знаеме кога да се закаже седницата за советнички прашања, која се одржува еднаш во два месеци, со оглед на нејзините активности да не биде зафатена тој ден.
Меѓутоа, таа не не удостои аа да врати и седницата мораше да се закаже, а нејзините служби не знаеа каде е воопшто. Цело време се чека на неа. 45 луѓе да чекаат и да не понижува, да не врати и на претседател на Совет е немам зборови“, вели Пановски.
Тој додава дека на денот кога била закажана седницата, Арсовска бил уредно поканета, но не се појавила, а и никој не знаел каде е.
„Еднаш се појави досега, се кара со советниците од СДСМ, зборува за минатото, не предлага никакви активности. Факт е дека не прифати датум за седница. Со тоа не се сложуваат ниту советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ се налутија и ја напуштија седницата и останавме само иие двајца. Нема да напуштаме, за да и даваме до значење, а плус тие седници се плаќаат. Некој треба да мисли и на тоа“, вели Пановски.
Дури, откако се крена прашина во јавноста, Арсовска преку рекација од нејзиниот кабинет излезе и истакна дека тој ден била на судски процес против портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, кој го тужи бидејќи во изборната кампања наведувал дека е блиска до ВМРО-ДПМНЕ.
Како што веќе објавивме, Каевски во изјава за „Фокус“ потврди дека тужбата не е за изнесените информации дека фирми на актуелната градоначалничка должат за струја, туку затоа што се почувствувала навредена од тоа што била посочена како кандидат на најголемата опозициска партија.
Ирена Мулачка