973
Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат – ваков апел до здравствените власти упати микробиологот Никола Пановски, кој воедно е носител на советничката листа за Град Скопје на коалицијата меѓу ДОМ и ЛДП.
-Досега, за 18 месеци од почетокот на пандемијата, починале 5 лица претходно прележани, а за 6 месеци од вакциналната кампања кај нас починале скоро 200 комплетно вакцинирани. Министре Филипче и премиеру Заев, уште ли верувате дека вакцината штити подобро од природното прележување? Извинете се и сменете ги „врвните експерти“ кои ве убедија во таа глупост“, пишува Пановски во колумна на платформата „Окружење“.
Тој порачува да се користат вакцините разумно за здравје и за имунитет.