Докторот и советник во Град Скопје, Никола Пановски во денешното гостување на телевизија 24 рече дека атмосферата во Советот на Град Скопје е многу демотивирачка, а градоначалничката Данела Арсовска е поекстремна од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа што се случува во Градот гледаме преку медиумите.
Досега градоначалничката не изглега да каже што се планира со старите проекти, што со новите. Еве гледаме лидерот на опозицијата кажува што ќе се прави, без да не прашат.
Самата атмосфера наликува на Собранието за жал и е многу демотивирачки. Не размислуваат за градот, туку за партијата и како да го нападнат противникот, вели Пановски.
Тој додава дека градоначаничката не сме ја осетиле дека е градоначалник на сите.
-Какви се нејзините односи во ВМРО-ДПМНЕ не знам, ама со останатите нас се никакви. Два пати се јави да одговара на советнички прашања и е поекстремна од ВМРО-ДПМНЕ. Мене ми е срам што седам таму. За среќа не сум ни со едните, ни со другите. Четворица сме кои даваме некоја шареноликост. Левица сега за сега е сосема со ВМРО, не гледаме некоја разлика, рече Пановски.